КАНЦЕЛАРОТ МЕРЦ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Индустријата е во алармантна ситуација

КАНЦЕЛАРОТ МЕРЦ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Индустријата е во алармантна ситуација

Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, изрази загриженост за критичната состојба во економијата, посочувајќи дека индустријата се наоѓа во алармантна ситуација. Во писмо испратено до пратениците од владејачката коалиција во Берлин, Мерк нагласи дека приоритет за 2026 година е поттикнување на економскиот раст и подобрување на деловното опкружување во земјата.

Според неговите зборови, досегашните мерки не успеале да ја подобрат конкурентноста на германската економија, а состојбата во некои сектори е оценета како “многу критична”. Проблемите се однесуваат не само на големите индустриски концерни, туку и на значителен број мали и средни претпријатија, при што многу компании бележат губење на работни места.

Мерц истакна дека состојбата во индустријата е алармантна, особено во автомобилскиот и преработувачкиот сектор. Ова предупредување доаѓа по 2025 година, која беше обележана со стагнација на економскиот раст и значителни отпуштања во клучните индустрии. Канцеларот нагласи дека владејачката коалиција мора да се фокусира на “правилни политички и правни одлуки” за да ги подобри условите за работа.

Тој исто така укажа на променетите глобални околности во кои традиционалните модели на работа не даваат резултати. Мерц посочи дека продуктивноста во Германија “веќе не е доволна”, наведувајќи високи трошоци за работа и енергија, како и прекумерна бирократија и високи даночни оптоварувања како клучни проблеми. Според него, само одлучни политички и правни мерки можат значително да ги подобрат условите за работа и да помогнат на германската економија да излезе од кризата.

CATEGORIES
Share This