КАНЦЕЛАРОТ МЕРЦ – Европските земји разгледуваат заеднички нуклеарен чадор

Договорот „Четири плус два“ и Договорот за неширење на нуклеарно оружје ѝ забрануваат на Германија да развива сопствено оружје

КАНЦЕЛАРОТ МЕРЦ – Европските земји разгледуваат заеднички нуклеарен чадор
Фото: Принтскрин

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските земји почнуваат да разгледуваат можност за создавање заеднички нуклеарен „чадор“, кој би ја дополнувал безбедноста обезбедена со постојните договори со САД.

Мерц појасни дека разговорите се сè уште во рана фаза и дека сега не е време за донесување конечни одлуки, пренесува Ројтерс.

Знаеме дека треба да се донесат бројни стратешки и воено-политички одлуки, но моментот сè уште не е погоден“ – рече Мерц.

Тој истакна дека договорните обврски не ја ограничуваат Германија да дискутира за заеднички решенија со европските партнери, вклучително и со Велика Британија и Франција, кои се единствените европски земји со нуклеарни арсенали.

„Овие разговори се во тек и не се во спротивност со постојното споделување на нуклеарно оружје со САД“ – додаде Мерц.

Во моментов, Германија не смее да развива сопствено нуклеарно оружје според договорот „Четири плус два“, кој го овозможи повторното обединување на земјата во 1990 година, како и според Договорот за неширење на нуклеарно оружје од 1969 година.

CATEGORIES
Share This