КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ – 585 возачи казнети за брзо возење

Најголем дел од казните се за брзо возење, следат поминување на црвено и нерегистрирани возила.

КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ – 585 возачи казнети за брзо возење
Фото: Принтскрин

Системот за видео надзор и автоматско санкционирање „Безбеден град“ и понатаму е во функција на евидентирање на сообраќајните прекршоци. Само во текот на вчерашниот ден (02.02.2026 година), камерите регистрирале вкупно 651 прекршување на сообраќајните правила.

Податоците покажуваат дека најголем дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на ограничувањата на брзината. Дури 585 возачи биле фатени како возат побрзо од дозволеното, 50 учесници во сообраќајот поминале на црвено светло, додека 16 возила се движеле без важечка регистрација.

Поради утврдените прекршоци, изречени се вкупно 58 забрани за управување со моторно возило. Од Министерството за внатрешни работи повторно упатуваат апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

CATEGORIES
Share This