КАМЕРИТЕ ФАИТЈА СЕ – Во март драстичен пад на минување на црвено, но брзината дивее
Системот „Безбеден град“ регистрирал над 26.000 прекршоци низ градовите и коридорите.

Во периодот од 1 до 31 март 2026 година, системот „Безбеден град“ евидентирал вкупно 26.241 сообраќаен прекршок на подрачјата на градовите и долж коридорите каде што се поставени камери.
Најголемиот дел од прекршоците дури 25.230 се однесуваат на надминување на дозволената брзина. Во однос на минувањето на црвено светло, регистрирани се 70 случаи, што претставува значително намалување од 68,2% во споредба со февруари. Дополнително, во текот на март биле констатирани 941 прекршок за управување возило со истечена важност на сообраќајната дозвола.
Во истиот период, изречени се 544 мерки забрана за управување со возило, што е намалување од 16,7% во однос на претходниот месец. Од нив, 70 се однесуваат на минување на црвено светло, а 474 на брзо возење. Притоа, 362 случаи се за возење со брзина над 80 км/ч во населено место, 70 за пречекорување над 10 км/ч од дозволеното ограничување на возилото, и 42 случаи за возење над 170 км/ч во ненаселено место.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел заеднички да се придонесе кон поголема безбедност на патиштата.
