КАМАТИТЕ СЕ МЕНУВААТ Што покажуваат податоците за мај?

Кога станува збор за новоодобрените кредити, просечната камата во мај се зголемила за 0,85 п.п. на месечно ниво, но сепак бележи намалување од 0,47 п.п. во споредба со мај минатата година, и изнесувала 4,72%.

КАМАТИТЕ СЕ МЕНУВААТ Што покажуваат податоците за мај?

Според најновиот извештај на Народната банка, во мај 2025 година просечната каматна стапка на депозитите изнесувала 2,21%, што претставува раст од 0,35 процентни поени на годишно ниво.

Во однос на новопримените депозити, забележан е месечен пад од 0,02 п.п. и годишен пад од 0,04 п.п., при што просечната стапка изнесувала 2,32%.

Од друга страна, просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесувала 5,06%, што претставува намалување од 0,43 процентни поени на годишно ниво.

Кога станува збор за новоодобрените кредити, просечната камата во мај се зголемила за 0,85 п.п. на месечно ниво, но сепак бележи намалување од 0,47 п.п. во споредба со мај минатата година, и изнесувала 4,72%.

Падот е резултат на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,24 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). Во мај, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,02 п.п, се наведува во соопштението на Народна банка.

CATEGORIES
Share This