КАМ-БЕК СО СТИЛ – Барселона се надева на пресврт од четири гола
Тројца клучни играчи се враќаат за реванш на „Камп Ноу“

Соблекувалната на Барселона е целосно уверена дека може да изведе голем кам-бек. Тимот се надева да го надмине дефицитот од четири гола од првиот натпревар против Атлетико Мадрид на „Естадио Метрополитано“, а реваншот е закажан за 3 март на „Камп Ноу“.
Од доаѓањето на германскиот тренер Ханси Флик во летото 2024 година, Барса забележа 12 победи со најмалку четири гола разлика, вклучувајќи ги убедливите резултати како 7:0 против Ваљадолид, 5:0 против Јанг Бојс, 6:0 против Валенсија и 6:1 против Олимпијакос.
За реваншот Флик ќе може да смета на тројца клучни играчи: Педри, кој се повреди на 21 јануари; Рафиња, кој ги пропушти последните три натпревари; и Маркус Рашфорд, кој наскоро се враќа на теренот.
Тренерот им дал јасни инструкции: два гола во првото полувреме и уште два во второто, со висок интензитет од самиот почеток. Домашниот терен ќе биде дополнителен фактор – во Ла Лига, Барселона победи на сите 11 домашни натпревари и на 14 од 15 дома оваа сезона. Играчите се потсетуваат и на историскиот пресврт од 6-1 против Пари Сен Жермен.
Флик ќе има неколку недели за подготовка, додека Атлетико ќе игра три лигашки натпревари и плејоф за Лигата на шампионите. Барселона веќе постигна 99 гола на 37 натпревари оваа сезона, демонстрирајќи голгетерска моќ и самодоверба за реваншот.


