КАДЕ Е РЕМЗИ МИФТАРИ? Полицијата во потрага по осудениот за трагедијата кај Ласкарци

КАДЕ Е РЕМЗИ МИФТАРИ? Полицијата во потрага по осудениот за трагедијата кај Ласкарци

Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за катастрофалната несреќа кај Ласкарци, исчезна без трага. Четврти ден по ред, полицијата не успева да го пронајде, иако против него е издадена наредба за присилно спроведување во затворот „Идризово“. Според информации од СВР Тетово, наредбата од гостиварскиот суд е примена, но Мифтари не е пронајден ниту на неговата адреса, ниту на други познати локации.

Мифтари, кој претходно избегнуваше затворска казна со лекарско уверение за операција на кила, сега е во бегство откако уверението истече. И покрај поканата за доброволно јавување во затвор, тој не се појави во законскиот рок, што доведе до започнување на постапка за присилно приведување. Полицијата, исто така, испратила забрана за негово легално излегување од државата до граничната полиција.

Според последните информации, Мифтари не е регистриран на ниту еден граничен премин, што сугерира дека се крие во Македонија. Како одговорен за превозот во компанијата „Дурмо турс“, тој заедно со сопственикот Дурмиш Белули, беше осуден поради несреќата во која загинаа 16 лица, а околу 30 беа повредени, некои со трајни последици. Полицијата продолжува со активностите за негово лоцирање, но засега без успех.

CATEGORIES
Share This