ИЗРАЕЛ ПРИЗНА Сакавме да го ликвидираме Хамнеи, но не добивме шанса се криеше под земја

На почетокот на конфликтот, на 13 јуни, Галант призна дека израелската влада не знаела дали САД ќе се приклучат на офанзивата, но оти постоела силна увереност дека Вашингтон ќе ја поддржи одбраната на Израел.

ИЗРАЕЛ ПРИЗНА Сакавме да го ликвидираме Хамнеи, но не добивме шанса се криеше под земја
Фото: Принтскрин

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, потврди дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел да го елиминира врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Сепак, како што изјави Галант за израелскиот Канал 13, „не се појавила реална оперативна можност за извршување на нападот“.

„Ако беше во нашиот домет, ќе го елиминиравме – изјави министерот, додавајќи дека Израел активно го барал Хамнеи, но без успех. Според него, иранскиот лидер се засолнил длабоко под земја и ја прекинал комуникацијата со воените структури.

Галант потврди дека Хамнеи бил директна цел, но оти ситуацијата излегла од контрола и операцијата била прекината.

„На крајот, едноставно, тоа не беше изводливо – додаде тој.

На прашањето дали Израел побарал одобрение од САД за ваква акција, Галант беше дециден:

„Не ни треба дозвола за вакви работи“.

Истовремено, американскиот претседател Доналд Трамп на 17 јуни преку социјалните мрежи му се закани на Хамнеи, тврдејќи дека „САД точно знаат каде се крие таканаречениот Врховен лидер“, додавајќи дека тој „нема да биде елиминиран – барем не засега“. Неколку дена подоцна, Трамп го ублажи ставот, истакнувајќи дека промена на иранскиот режим не е цел на Вашингтон.

Галант нагласи дека Израел нема да продолжи со таргетирање на Хамнеи по стапувањето во сила на прекинот на огнот, но упати предупредување:

„Не би му препорачал да се опушти. Треба да учи од судбината на Насралах, кој долго време се криеше во бункер. Препорачувам да направи истото“ – рече тој, алудирајќи на лидерот на Хезболах, кој, според израелски извори, бил елиминиран минатата година.

Галант го нарече Хамнеи „современ Хитлер“ кој „веќе нема место во светот“.

Тој истакна дека целта на Израел не е директна промена на режимот во Техеран, туку притисок и дестабилизација на неговата моќ среде конфликти.

„Ќе продолжиме да го малтретираме режимот, ако е потребно“ – додаде тој.

Израел, според него, ја задржува воздушната супериорност над иранскиот регион и е подготвен повторно да дејствува, доколку Иран ги обнови своите нуклеарни или ракетни програми.

„Нема да дозволиме Иран да развие нуклеарно оружје и ракети со долг дострел – истакна Галант во друго интервју за Канал 12.

Министерот додаде дека израелската стратегија кон Иран ќе биде слична на онаа што ја применуваат во Либан – но „помножена со сто“.

На почетокот на конфликтот, на 13 јуни, Галант призна дека израелската влада не знаела дали САД ќе се приклучат на офанзивата, но оти постоела силна увереност дека Вашингтон ќе ја поддржи одбраната на Израел.

CATEGORIES
TAGS
Share This