ИЗРАЕЛ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМ УДАР Израелски портпарол упати порака на персиски јазик
Според проценките на новинската агенција АП, ваквото без преседан предупредување може да значи дека Израел се подготвува за нова серија напади врз клучни инфраструктурни и воено-индустриски цели во Иран.

Израелската армија упати итно предупредување до иранските граѓани кои се наоѓаат во близина на воени или индустриски објекти поврзани со одбраната – да ги напуштат тие области без одложување и да не се враќаат сè додека не добијат понатамошни инструкции.
Портпаролот на израелските одбранбени сили, полковник Авихај Адрае, објави порака на персиски јазик преку социјалната мрежа „Х“, порачувајќи:
„Сите лица кои се наоѓаат во или околу фабрики за оружје и сродни објекти мора веднаш да ги напуштат тие подрачја и да не се враќаат до понатамошно известување.“