ИЗРАЕЛ И ИРАН СО ТАЕН ДОГОВОР ПРЕКУ РУСИЈА Двете земји сакале да избегнат судир меѓу себе

Според дипломатски извори, Израел сакал да избегне ескалација додека се подготвува за воени операции против Хезболах, додека Иран прифатил воздржаност, но со претпазливост поради можен ангажман на САД.

ИЗРАЕЛ И ИРАН СО ТАЕН ДОГОВОР ПРЕКУ РУСИЈА Двете земји сакале да избегнат судир меѓу себе

Израел и Иран тајно разменија пораки преку Русија, уверувајќи се дека нема да извршат прв напад еден врз друг, објави „Вашингтон пост“. Контактите се случиле неколку дена пред протестите во Иран кон крајот на декември и покрај долгогодишното непријателство и 12-дневната војна минатиот јуни.

Според дипломатски извори, Израел сакал да избегне ескалација додека се подготвува за воени операции против Хезболах, додека Иран прифатил воздржаност, но со претпазливост поради можен ангажман на САД. Иран, сепак, сметал дека е во негова корист да остане настрана од евентуален судир меѓу Израел и Хезболах, а американски претставници наведуваат дека поддршката на Техеран за Хезболах веќе е намалена.

CATEGORIES
Share This