ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДЕЛНИЦАТА ГОСТИВАР-ТЕТОВО – Наредните две седмици ќе има градежни истражувања

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДЕЛНИЦАТА ГОСТИВАР-ТЕТОВО – Наредните две седмици ќе има градежни истражувања

Од денеска, во наредните две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно, на потегот меѓу двете патарини, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, соопшти АМСМ. Поради тоа, сообраќајот ќе се одвива под изменет режим.

АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената сигнализација, особено на делниците каде што постои опасност од одрони.

CATEGORIES
Share This