ИЗМАМЕН 77 ГОДИШНИК ОД ВИНИЦА Лажен лекар му земал над 430 илјади денари

ИЗМАМЕН 77 ГОДИШНИК ОД ВИНИЦА Лажен лекар му земал над 430 илјади денари

На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место. Како што е пријавено, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка , по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

CATEGORIES
Share This