ИЗГАСНАТИ СИТЕ 11 ПОЖАРИ, во моментот нема активни жаришта
На територијата на Македонија во изминатиот период се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, но според информациите од Центарот за управување со кризи, сите се успешно изгаснати и во моментот нема активни жаришта.

Пожарите биле регистрирани во повеќе општини, при што горела нискостеблеста шума, ниска вегетација, сува трева, смет и земјоделски површини. Најмногу интервенции имало во општините Долнени и Кичево.
Меѓу изгаснатите пожари се:
- с. Стровија и с. Лажани (Општина Долнени)
- с. Богомила (Општина Чашка)
- с. Слупчане (Општина Липково)
- с. Грешница (Општина Македонски Брод)
- ул. 146 (Општина Тетово)
- с. Добри Дол (Општина Врапчиште)
- с. Цер и с. Челопеци (Општина Кичево)
- с. Вратиславци (Општина Делчево)
- локација над „Мебел Ви“ (Општина Виница)
CATEGORIES Македонија