ИЗГАСНАТИ ПОВЕЌЕ ОД 20 ПОЖАРИ ВО СКОПСКИОТ И СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН Огнот зафатил ниска вегетација, полиња и периферии на населби

ИЗГАСНАТИ ПОВЕЌЕ ОД 20 ПОЖАРИ ВО СКОПСКИОТ И СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН Огнот зафатил ниска вегетација, полиња и периферии на населби

Во изминатите 24 часа се изгаснати над 20 пожари на отворено низ државата. По три пожари се изгаснати во општините Ранковце и Куманово, а по еден во Старо Нагоричане, Кратово, Јегуновце, Теарце, Тетово, Свети Николе, Битола, Карбинци, Штип, Делчево и Росоман.

Во Скопскиот регион, пожарите беа локализирани на неколку локации: во Аеродром на улицата „Гаврил Константиновиќ“, каде гореше ниска вегетација; во Гази Баба кај стрелиштето Камник; во Сарај крај реката Вардар; и во Визбегово во општина Бутел. Два пожара се изгаснати и во Ѓорче Петров — еден на влезот во населбата, а друг на улицата „Васил Чакаларов“. Во Илинден, пожар беше пријавен и изгаснат во близина на индустриската зона.

Брзата интервенција на пожарникарите и локалните власти го спречи ширењето на огнената стихија, но останува на сила апелот за внимателно однесување со отворен оган поради високите температури и сувата вегетација.

CATEGORIES
Share This