ИЗБОРИ СО МЕДИУМСКА БЛОКАДА НЕ СЕ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ – Резултатот не е посакуваниот, но останувам доследен на националните вредности

Истовремено, ја користам приликата да ја честитам победата на ВМРО-ДПМНЕ, а на сите кандидати кои продолжуваат во вториот круг им посакувам успешен натпревар.

ИЗБОРИ СО МЕДИУМСКА БЛОКАДА НЕ СЕ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ – Резултатот не е посакуваниот, но останувам доследен на националните вредности
Фото: Национал

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, се огласи на социјалната мрежа фејсбук по повод вчерашните локални избори 2025.

„Благодарност до гласачите кои го доверија својот глас на кандидатите на Единствена Македонија. Иако резултатот од два советници (со можност за трет, каде има постапка) не е она што го посакувавме, сепак сум горд на кампањата што ја водевме со јасна определба за чест, правда и народна власт во општините.

Во услови на крајно нефер и недемократски избори, со целосна медиумска блокада и без разлика на изборниот резултат (во уште шест општини нашите советници не влегоа за само 5 до 10 гласа според донтовиот модел), јас останувам доследен на националните вредности во кои верувам со иста одговорност и посветеност.

Истовремено, ја користам приликата да ја честитам победата на ВМРО-ДПМНЕ, а на сите кандидати кои продолжуваат во вториот круг им посакувам успешен натпревар“ – напиша Бачев на фејсбук.

CATEGORIES
TAGS
Share This