ИЗБОРИ 2025 Народниот правобранител отвори бесплатен телефон за заштита на гласачкото право
Секој повик ќе биде обработен веднаш, а доколку поплаките пристигнат по завршување на работното време (по 16 часот), тие ќе бидат автоматски снимени и разгледани веднаш следниот работен ден.

Од денес, во Канцеларијата на Народниот правобранител е ставена во функција бесплатна телефонска линија 0800 54321, на која граѓаните ќе можат да пријават евентуални повреди на нивните права – и за време на изборната кампања, и на деновите на гласање во првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември).
Секој повик ќе биде обработен веднаш, а доколку поплаките пристигнат по завршување на работното време (по 16 часот), тие ќе бидат автоматски снимени и разгледани веднаш следниот работен ден.
Народниот правобранител, во рамки на својата надлежност за заштита на избирачкото право, ќе постапува во најкраток можен рок пред надлежните органи и институции, со барање тие да реагираат брзо и ефикасно, за граѓаните да можат целосно да го остварат своето уставно и законски загарантирано право.
Покрај бесплатната линија, граѓаните можат да пријават неправилности и во шесте подрачни канцеларии на Народниот правобранител, секој работен ден од 8 до 16 часот, на следниве броеви: Струмица: 034 329-996, Кичево: 045 228-586, Тетово: 044 344-082, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488


