ИЗЈАВАТА ШТО ГО КРЕНА РЕГИОНОТ – Бидете спокојни, НАТО нема да дозволи загрозување на Блискиот исток и Македонија
Генералната порака од НАТО за растечките глобални ризици и потребата од поголема одбрана.

Заменичката генерален секретар на НАТО Радмила Шекеринска нагласува дека Северна Македонија денес е дел од систем што придонесува за безбедноста во регионот и пошироко, во време кога, како што вели, одредени актери се обидуваат да го вратат светот назад.
Таа посочува дека живееме во сè понестабилна глобална средина, а НАТО останува подготвен и внимателен, прилагодувајќи го распоредот на своите сили во Европа кога е потребно, со цел да се гарантира безбедноста на сите сојузници.
Шеќеринска истакнува дека многу внимателно се следи состојбата на Блискиот Исток и покрај низата безбедносни предизвици никогаш не смееме да се дозволи мирот да биде загрозен и за таа цел Алијансата реално би реагирала доколку ризиците од војната го засегнат регионот.
Шекеринска потсетува дека патот на Северна Македонија кон членство во Алијансата бил долг и сложен, исполнет со политички предизвици, но воден со трпение, решителност и јасна цел и поголема безбедност на државата и придонес кон стабилноста на Западен Балкан.
Таа вели дека е горда што учествува во работата на НАТО заедно со сите сојузници, со цел Алијансата да остане силна и обединета, бидејќи, како што нагласува, безбедноста е основа на секојдневниот живот и слободата не е нешто што се добива без напор и вложување.
Шекеринска додава дека инвестициите во одбраната и безбедноста се неопходни за заштита на граѓаните во евроатлантската област, особено во услови на зголемени глобални ризици.
