ИЗЈАВА НА ОФИЦИЈАЛЕН ПЕКИНГ Кина се спротивставува на американските барања за венецуелските ресурси

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, изјави дека Венецуела е суверена држава со целосни и трајни права над своите природни ресурси и економски активности. Тој ги опиша американските воени акции како акт на заплашување.
Мао Нинг истакна дека барањата на Вашингтон да се приоритизира принципот “Америка прва” во управувањето со венецуелската нафта го прекршуваат меѓународното право. Според него, овие дејствија го нарушуваат суверенитетот на Венецуела и ги повредуваат легитимните права на нејзиниот народ.
Пекинг остро ги осуди овие акции и нагласи дека легитимните права и интереси на Кина и на другите земји во Венецуела мора да бидат заштитени. Мао Нинг додаде дека Кина ќе продолжи да ја зајакнува соработката и взаемната поддршка со земјите од Латинска Америка и Карибите.


