ЏИУ ЏИЦА БОРБИ – Рекорден број категории на Скопје Опен 2025
23 клубови од седум држави и над 280 натпреварувачи учествуваат на турнирот

Денес, спортската сала „Гоце Делчев“ во општина Илинден беше центар на спортските случувања, со свеченото отворање на 14. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2025“. Настанот го организира Македонската џиу-џица федерација, а годинава учествуваат 23 клубови од седум држави, со над 280 натпреварувачи.
На турнирот се натпреваруваат тимови од Словенија, Србија, Република Српска, Црна Гора, Грција, Бугарија, како и бројни клубови од Македонија. Пополнети се вкупно 204 категории во борби и 38 категории во НеВаза, што го прави ова досега најобемното издание на турнирот.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го означи почетокот на турнирот и во своето обраќање нагласи дека општината континуирано ги поддржува спортските активности. Тој истакна дека фактот што турнирот по четврти пат се одржува во Илинден е доказ за успешно партнерство и квалитетна организација.
Настанот вклучува натпревари во различни дисциплини и категории, за машка и женска конкуренција, како и за деца и возрасни. Любителите на џиу-џицата ќе имаат можност да следат динамични борби, натпревари во НеВаза, како и демонстрации на техники од дуо-системот. Во рамките на турнирот ќе се одржи и финалето на „Јадранската лига“, каде ќе се натпреваруваат три женски и четири машки сениорски екипи.
Општина Илинден останува посветена на поддршката на спортот и продолжува да создава услови за развој и промоција на спортските активности на локално ниво.

