ИТНО ВО МОСКВА: Аракчи оди да бара поддршка од Путин

Говорејќи за време на својата посета на Турција, Аракчи нагласи дека Иран ги задржува сите опции отворени за одбрана на својата безбедност, национални интереси и народ.

Фото: Принтскрин

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Аракчи, изјави дека во недела ќе отпатува за Москва, каде што во понеделник ќе се обиде да оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„САД не покажаа никакво почитување кон меѓународното право. Со нападот врз нашите нуклеарни постројки ја преминаа големата црвена линија“, рече Аракчи, додавајќи „Тие го разбираат само јазикот на заканите и силата.“

Изјавата доаѓа во време кога Кремљ соопшти дека нема планирани контакти меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, по ескалацијата на тензиите.

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Аракчи, изјави дека во недела ќе отпатува за Москва, каде што во понеделник ќе се обиде да оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„САД не покажаа никакво почитување кон меѓународното право. Со нападот врз нашите нуклеарни постројки ја преминаа големата црвена линија“, рече Аракчи, додавајќи „тие го разбираат само јазикот на заканите и силата.“

Изјавата доаѓа во време кога Кремљ соопшти дека нема планирани контакти меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, по ескалацијата на тензиите.

Говорејќи за време на својата посета на Турција, Аракчи нагласи дека Иран ги задржува сите опции отворени за одбрана на својата безбедност, национални интереси и народ.

„Иранските вооружени сили се во целосна борбена готовност. Прво почекајте го нашиот одговор. Кога агресијата ќе престане, тогаш можеме да одлучиме за следните чекори“, изјави министерот пред новинарите.

CATEGORIES
TAGS
Share This