ИТНО СЛЕТУВАЊЕ ВО ИТАЛИЈА Пожар во авион со 283 патници
Авионот успеал безбедно да слета во 20:15 часот по локално време на аеродромот во Бриндизи, јужна Италија околу 40 минути по полетувањето, соопшти порталот „Флајт радар 24“.

Авион на германската компанија „Кондор ерлајнс“ бил принуден на итно слетување во Италија откако веднаш по полетувањето во еден од моторите избувнал пожар.
Според „Њујорк пост“, патниците во паника гледале како пламен излегува од моторот, а еден од нив дури испратил порака за збогум до своите најблиски.
Инцидентот се случил во саботата, кога авионот Боинг 757 со 273 патници и осум членови на екипажот летал од Крф кон Дизелдорф. На околу 11.000 метри надморска височина дошло до нарушување во протокот на воздух во турбината на моторот.
Авионот успеал безбедно да слета во 20:15 часот по локално време на аеродромот во Бриндизи, јужна Италија околу 40 минути по полетувањето, соопшти порталот „Флајт радар 24“.
Портпаролот на „Кондор“ изјавил дека дефектот бил предизвикан од хемиска реакција во комората за согорување на моторот.


