ИТАЛИЈАНСКИ ОСТРОВ НУДИ БОНУСИ ЗА НОВИ ЖИТЕЛИ – Еве како да добиете 15.000 евра
Државата покрива до половина од трошоците за купување или реновирање на имот во села под 3.000 жители.

Италијанскиот остров Сардинија стартуваше амбициозна програма за борба против депопулацијата, нудејќи на новите жители неповратна финансиска поддршка до 15.000 евра.
Оваа мерка е одговор на масовното иселување на младите во поголемите градови, што доведе до празнење на руралните средини. Парите можат да се искористат за купување или реновирање на имот во населби со помалку од 3.000 жители, при што државата покрива до 50% од вкупната инвестиција.
Корисниците мора да се вселат и трајно да го пријават живеалиштето во рок од 18 месеци од купувањето.
Дополнително, локалните власти воведоа социјални мерки за поддршка на семејствата како што се за првородено дете се исплаќаат 600 евра месечно, за второ дете 400 евра месечно и тоа додека децата не наполнат пет години.
Со буџет од 45 милиони евра, програмата има за цел да привлече нови жители, да ги задржи младите семејства и да поттикне долгорочен демографски раст.
Сепак, право на аплицирање немаат оние кои веќе живеат во мали општини на островот, со цел да се стимулира доселување од други региони и држави, а не внатрешна миграција.
