ИТАЛИЈА СЕ ПОТСМЕВА НА ЕУ ЗА ВОЕНИТЕ МИСИИ ВО ГРЕНЛАНД – По 15 француски и германски војници, дали сте сериозни

Гренланд станува сцена на нова европско-американска расправија

ИТАЛИЈА СЕ ПОТСМЕВА НА ЕУ ЗА ВОЕНИТЕ МИСИИ ВО ГРЕНЛАНД – По 15 француски и германски војници, дали сте сериозни
Фото: Принтскрин

Италија одлучи да не учествува во европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана Гвидо Кросето отворено се потсмева на иницијативата, додека тензиите меѓу Европа и САД растат поради плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на арктичкиот остров.

„Гренланд. Се прашувам зошто. Патување?“ – рече Кросето денес во Рим.

Тој додава;

„15 Французи, 15 Германци звучи како почеток на шега“

Кросето алудира на малите контингенти што некои европски земји ги испратија за да покажат солидарност со Данска.

Трамп, од своја страна, сака да го преземе Гренланд бидејќи го смета за стратешки важен за безбедноста на САД, особено поради богатите резерви на минерали. Тој не ја исклучи можноста за употреба на сила за таа цел.

CATEGORIES
TAGS
Share This