ИТАЛИЈА ГО ОДБИ ТРАМП – Нема да се приклучи на Комитетот за мир

Италија ја образложи одлуката со уставни ограничувања, но останува отворена за други мировни иницијативи.

ИТАЛИЈА ГО ОДБИ ТРАМП – Нема да се приклучи на Комитетот за мир
Фото: Принтскрин

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека Италија нема да може да се приклучи на Комитетот за мир во Газа, инициран од американскиот претседател Доналд Трамп, поради уставни ограничувања.

Во изјава за италијанската новинска агенција Анса, Тајани посочи дека овој став бил пренесен за време на разговорите во петокот со потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, и државниот секретар Марко Рубио. Притоа нагласи дека односите меѓу Рим и Вашингтон остануваат „многу добри“.

„Италија секогаш е подготвена да разговара за мировни иницијативи и да даде свој придонес, вклучително и преку обука на полицијата во Газа“, истакна Тајани.

Американскиот претседател Трамп се назначи себеси за претседател на Комитетот за мир на неопределено време, а во јануарското интервју за „Њујорк пост“ изјави дека би сакал седиштето на комитетот да биде во Вашингтон.

Според медиумските извештаи, првиот работен состанок на Комитетот за мир е закажан за 19 февруари во Вашингтон. Трамп упатил покана до претставници од околу 60 држави, а повеќе од 20 земји досега ја прифатиле поканата.

CATEGORIES
Share This