ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ СЕ ПРОШИРУВА Уапсени седум нови полициски службеници

Со овие најнови приведувања, бројот на осомничени полициски службеници се искачи на 14 лица а 7 нивни колеги, односно началници и инспектори од Штип и Кочани веќе еден месец се во притвор

ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ СЕ ПРОШИРУВА Уапсени седум нови полициски службеници

Државниот обвинител во телевизиско гостување вечерва истакна дека се уапсени уште седум полициски службеници како дел од истрагата за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Сега во обвинителот од Кочани добив информација дека е издаден налог за приведување на нови 7 полициски службеници. Тие ќе бидат обезбедени и за нив ќе бидат побарани мерки за претпазливост“ – изјави Коцевски.

Со овие најнови приведувања, бројот на осомничени полициски службеници се искачи на 14 лица а 7 нивни колеги, односно началници и инспектори од Штип и Кочани веќе еден месец се во притвор. Истрагата се води за едно кривично дело – предизвикување опасност за животот и телото на луѓето.

„Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава. Повеќе информации во текот на утрешниот ден“ информираа вечерва од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во чии рамки функционира и Одделот за гонење лица со полициски овластувања.

Досега вкупно 45 физички лица и 3 правни лица се осомничени од ОЈО Кочани. Со денешните 7 приведени, веќе има 14 осомничени полициски службеници во големата истрага.

Пожарот во неисправната дискотека „Пулс“ настана при користење пиротехнички средства на концертот на групата ДНК, при што загинаа 61 лице меѓу кои 6 деца, а повредени се 193 лица од кои 25 деца.

CATEGORIES
Share This