ИСТОРИСКИ СКОК НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО – За првпат над 5.000 долари за унца

Растечки тренд поради геополитички тензии и инвеститорите го гледаат златото како сигурно засолниште за капиталот

ИСТОРИСКИ СКОК НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО – За првпат над 5.000 долари за унца
Фото: Архива

Цената на златото денеска за првпат во историјата ја надмина вредноста од 5.000 долари за унца, продолжувајќи го растечкиот тренд. Инвеститорите го гледаат златото како сигурно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии.

Последната недела, растечката напнатост меѓу САД и Европската Унија околу Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари, што дополнително ја зголеми цената на златото.

Утрово, цената се зголеми за уште 0,9% и достигна 5.029 долари за унца.

Минатата година, цената на златото порасна за 64%, благодарение на намалувањето на каматните стапки во САД, слабеењето на доларот, зголемената побарувачка од централните банки и рекордните приливи во фондовите.

„Очекуваме дека годинава цената на унца злато може да достигне 6.400 долари, а просечната цена да биде околу 5.375 долари“, изјави независниот аналитичар Рос Норман, пренесуваат британските медиуми.

CATEGORIES
Share This