ИСТОРИСКИ ДОГОВОР – Европа и Јужна Америка заедно

Церемонијата се одржа во Асунсион, Парагвај, каде што е основан Меркосур во 1991 година

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР – Европа и Јужна Америка заедно
Фото: Принтскрин

Европската унија и јужноамериканскиот блок Меркосур потпишаа историски трговски договор, создавајќи ја најголемата зона на слободна трговија во светот.

Церемонијата се одржа во Асунсион, Парагвај, каде што Меркосур беше основан во 1991 година. Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи на земјите-членки и комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчович.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека договорот е „симбол на новото партнерство“ и дека ЕУ и Меркосур заедно опфаќаат 20% од светскиот БДП и над 700 милиони потрошувачи.

Договорот сè уште треба да биде ратификуван од Европскиот парламент. Преговорите траат од 1999 година, а ратификацијата беше одложена поради барањата на ЕУ за заштита на Амазон и климатските промени.

CATEGORIES
Share This