ИСТОРИСКИ ДЕНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ Прво државно првенство во планински маратон во Крушево

Крушево домаќин на првото издание на „Krushevo MTB Challenge“ и Државното првенство во планински велосипедизам маратон

ИСТОРИСКИ ДЕНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ Прво државно првенство во планински маратон во Крушево
Фото Принтскрин

Крушево денеска беше центарот на планинскиот велосипедизам во Македонија, откако во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија, стартуваше првото издание на маратонот „Krushevo MTB Challenge“. Настанот започна во 10 часот, привлекувајќи бројни велосипедисти и љубители на планинските патеки.

Овој маратон носи историско значење за велосипедскиот спорт во земјата, бидејќи за прв пат се одржува и Државното првенство во планински велосипедизам – маратон, вклучено во официјалниот календар на Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ) и организирано според стандардите и критериумите на Светската велосипедска федерација – УЦИ.

Натпреварувачите имаа можност да изберат меѓу две патеки: мал маратон со должина од 25 километри и вкупно искачување од 650 метри, или голем маратон од 75 километри со 2.000 метри искачување – двете нудат уникатно искуство низ живописните предели околу Крушево.

Признанија и награди ќе бидат доделени во повеќе возрасни категории: 18-29, 30-39, 40-49, 50-59 и 60+, обезбедувајќи инклузивност и мотивација за сите учесници.

CATEGORIES
Share This