ИСТОРИСКА ПОСЕТА – Кир Стармер пристигна во Пекинг
Британскиот премиер се сретна со кинески претставници и најави зајакнување на трговските и економските врски меѓу двете земји

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, денеска слета во Пекинг, каде што ќе престојува пет дена, што е прва посета на британски премиер на Кина од 2018 година, кога земјата ја посети тогашната премиерка Тереза Меј.
На аеродромот Стармер го пречекаа кинески претставници и почесна гарда, објави Sky News.
За време на посетата, британскиот премиер ќе се фокусира на зајакнување на трговските и економските врски меѓу Велика Британија и Кина. Делегацијата ја сочинуваат министерот за бизнис Питер Кајл, министерката за економија Луси Ригби и повеќе од 50 претставници на британски компании.
Стармер им порача на членовите на делегацијата дека учествуваат во историски момент:
„Во нашиот национален интерес е да соработуваме со Кина“, рече Стармер.
Тој додава дека оваа соработка носи „огромни можности“, но истовремено ќе бара работа на „разликите меѓу двете страни“.

