ИСТОРИСКА И ТРАЈНА ОДЛУКА НА ЕУ – Забрана за увоз на руски гас

Забраната ќе остане во сила и по евентуален мир во Украина

ИСТОРИСКА И ТРАЈНА ОДЛУКА НА ЕУ – Забрана за увоз на руски гас
Фото: Принтскрин

Европскиот парламент во среда усвои закон за постепена и целосна забрана на увозот на руски природен гас до крајот на 2027 година, кој ќе остане на сила дури и по евентуален мир во Украина. Законот беше поддржан со 500 гласови „за“, 120 „против“ и 32 „воздржани“.

Главните точки од најновата олдука на Европксиот парламент се:

Замена на рускиот гас при што Летонката Инезе Вајдере, известувач на Парламентот, истакна дека аргументот дека „не можеме да го замениме рускиот гас“ не е точен, бидејќи ЕУ веќе го направила тоа. Побарувачката за гас опаѓа, испораките се поразновидни, а залихите на течен природен гас (ЛНГ) брзо растат.

Понатаму, Русија е дефинирака како како непредвидлив партнер при што Вајдере нагласи дека Русија не била сигурен снабдувач ни пред војната во Украина, бидејќи манипулирала со протокот на гас. Забраната ќе важи и по постигнување на мир.

Во однос на финансиски импликации с евели дека ЕУ од почетокот на војната платила повеќе од 216 милијарди евра за руски фосилни горива и продолжува да плаќа околу 40 милиони евра дневно.

Конечно, во енергетската стратегија на ЕУ, поранешниот фински министер за животна средина предложи зголемување на увозот на ЛНГ, инвестиции во обновливи извори и поголема енергетска ефикасност. Европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен оцени дека одлуката е историска и „ќе ја почувствуваат Москва и Вашингтон“.

Во однос на историските аспекти се смета дека овие решенија на ЕП се трајни – „Ниту една молекула. Никогаш повеќе.“ – порача Данецот, нагласувајќи дека ова не е привремена мерка. Сите земји-членки, освен Унгарија и Словачка, се согласија да престанат со увоз на руски гас до 2027 година. Советот на ЕУ ќе го формализира законот на почетокот на следната година.

Позицијата на други е во насока што Хрватскиот пратеник Давор Иво Штиер ја нарече одлуката „историска“ и повика на целосна независност од руските енергетски извори, вклучително нафта. Штиер истакна дека Унгарија и Словачка имаат исклучоци од забраната на руска нафта, и дека веќе постојат алтернативи како Јанаф, кои можат да ги заменат руските извори.

Одлуката претставува клучен чекор на ЕУ кон енергетска независност од Русија и значително намалување на финансирањето на руската воена машинерија.

CATEGORIES
TAGS
Share This