ИСЧЕЗНАЛА ДЕВОЈКА ОД СКОПЈЕ: Полицијата трага по 16-годишна девојка
Министерството за внатрешни работи извести дека се трага по 16-годишната Д.П. од Скопје, која на 6 мај околу полноќ се оддалечила од својот дом.

Министерството за внатрешни работи извести дека се трага по 16-годишната Д.П. од Скопје, која на 6 мај околу полноќ се оддалечила од својот дом.
Случајот е пријавен во Полициската станица Ѓорче Петров во 00:05 часот од страна на нејзината мајка, А.П. (42), која изјавила дека нејзината малолетна ќерка ја напуштила семејната куќа и оттогаш не се вратила.
Од МВР велат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за нејзино пронаоѓање, и повикуваат сите граѓани кои имаат информации да се јават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефон 192.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


