ИРАН ВО АКЦИЈА Ракети врз куќата на Нетанјаху

Иранските државни медиуми потврдија дека биле истрелани балистички ракети врз израелски цели, додека според агенцијата Ројтерс, експлозии се слушнале и во самиот Тел Авив.

ИРАН ВО АКЦИЈА Ракети врз куќата на Нетанјаху
Фото: Икс

Според извештаи на Ал Џезира, повикувајќи се на неименувани израелски медиуми, Иран денеска истрелал балистички проектили кон Израел, при што била гаѓана приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Цезареја, како и електраната во Хадера.

Во меѓувреме, воздушни сирени се огласија во Ерусалим и Тел Авив, откако израелската армија соопшти дека ракети се движат кон израелска територија од правец на Иран.

Иранските државни медиуми потврдија дека биле истрелани балистички ракети врз израелски цели, додека според агенцијата Ројтерс, експлозии се слушнале и во самиот Тел Авив.

CATEGORIES
TAGS
Share This