ИРАН СО ОСТРО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО САД И ИЗРАЕЛ – Дојдете спремни сме
енералот Пакпур со остра закана дека прстот е на чкрапалото и дџека се подготвени од кога било

Командантот на Иранската револуционерна гарда, генерал Мохамед Пакпур, изјави дека неговите сили се „поподготвени од кога било“ и дека „прстот е на чкрапалото“, предупредувајќи ги САД и Израел да не прават „грешки“.
Пакпур даде изјава додека американските бродови, вклучувајќи го носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, се упатуваа кон регионот. Тој истакна дека Гардата е подготвена да ги извршува наредбите на врховниот командант.
Напнатоста во Иран се зголеми по протестите во декември и јануари, при кои активистите тврдат дека илјадници се убиени или уапсени. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано предупредуваше за „црвените линии“ во однос на убивањето демонстранти и масовните егзекуции.
Ситуацијата предизвика барем една европска авиокомпанија привремено да ги суспендира летовите кон Дубаи. Активистите проценуваат дека бројот на жртви од протестите достигнува 5.137, вклучувајќи цивили и припадници на безбедносните сили.

