ИРАН МУ ПИША НА ГУТЕРЕШ – Базите на САД во регионот се легитимна цел
Иран реагира на реториката на Трамп и предупредува дека не сака војна, но нема да остане пасивен.

Фото: Принтскрин
Иран му соопшти на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека ќе ги смета базите, објектите и средствата на „непријателските сили“ во регионот за легитимни цели доколку се соочи со воена агресија.
Во писмото испратено во четврток, Иран посочува дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп „сигнализира реален ризик“ од воен конфликт. Иран истакнува дека не сака војна, но дека ќе одговори решително доколку биде нападнат.
САД во последно време го зголемија своето воено присуство во регионот поради можноста од американски напади врз Иран, потсетувајќи дека веќе во јуни минатата година беа нападнати ирански нуклеарни објекти.
CATEGORIES Свет


