ИРАН ГО ИЗНЕНАДУВА СВЕТОТ – САД прифатија прекин на огнот затоа што не постигнале ништо
Иранските сили уништиле над 170 американски и израелски дронови и собориле најнапредни борбени авиони.

Иран испрати остра порака до Вашингтон, тврдејќи дека САД прифатиле прекин на огнот бидејќи не успеале да ги остварат ниту јавните, ниту скриените цели во конфликтот.
Портпаролот на иранската војска, генерал Мохамад Акрами-Нија, изјави дека анализите од бојното поле и стратешките параметри покажуваат „повеќеслоен пораз“ на противникот.
„Непријателот не успеа да реализира ниту една од своите макро, оперативни и тајни цели. Напротив, во пракса претрпе сериозен пораз“, нагласи тој, пренесе иранската телевизија Pres.
Изјавата доаѓа откако Врховниот совет за национална безбедност на Иран објави договор за двонеделен прекин на огнот, постигнат со посредство на Пакистан, што треба да отвори простор за преговори за завршување на конфликтот.
Според Акрами-Нија, една од главните цели на противникот била да наметне копнена војна и да го прошири конфликтот во директни судири, но тоа било спречено поради „ефикасното одвраќање и високата оперативна подготвеност“ на иранските сили.
Тој тврди дека иранската противвоздушна одбрана успеала да следи и собори неколку од „најнапредните борбени авиони“, како и дека биле уништени над 170 американски и израелски дронови.
„Војната покажа дека САД немаат капацитет ефикасно да ги заштитат своите сојузници. Иранските сили ги погодија сите американски бази во регионот, правејќи ги практично неоперативни“, изјави портпаролот.
Иранските власти оценуваат дека конфликтот дополнително ја зајакнал нивната воена подготвеност и оперативно искуство.
