ИРАН ГО БОЈКОТИРА САД – Но останува на Мундијалот 2026
Иранските фудбалери веќе започнаа подготовки и ќе одиграат два пријателски натпревари.

Иран нема да се откаже од учеството на Светското првенство 2026. Тимот веќе започна подготовки и фудбалерите ќе се соберат на тренинг-камп во Турција.
„Националниот тим одржува тренинг-камп во Турција и таму ќе одиграме два пријателски натпревари. Ќе ги бојкотираме натпревари во САД, но нема да го бојкотираме Светското првенство“, изјави претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ.
Иран има закажано три натпревари во групната фаза на Светското првенство и тоа против Нов Зеланд на 16 јуни, против Белгија на 21 јуни и против Египет на 26 јуни. Сите натпревари првично беа предвидени да се играат во САД. Федерацијата на Иран побара тие да се преместат во Мексико, но ФИФА ја одби оваа опција.
И покрај тоа што Иран лансираше две балистички ракети кон Турција, националниот тим сепак ќе остане на камп во оваа земја. Мексико, како ко-домаќин на Мундијалот, изрази подготвеност да ги организира натпреварите на иранската селекција на своја територија. Претседателката Клаудија Шеинбаум изјави дека логистички е возможно да се прифатат барањата на Иран, но конечната одлука е на ФИФА.
Сепак, промена на распоредот само 12 недели пред почетокот на турнирот изгледа малку веројатна. Дополнително, останува прашањето што ќе се случи ако Иран продолжи во нокаут-фазата, бидејќи речиси сите натпревари од тој дел од турнирот се предвидени да се играат во САД.


