ИНТЕРЕСЕН ДЕТАЉ ОД РАЗГОВОРОТ ПУТИН – ТРАМП „Владимир, Доналд“ пријателски тон во разговорот

По завршувањето на разговорот, Доналд Трамп изјави дека Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот и, што е уште поважно, за ставање крај на војната.

ИНТЕРЕСЕН ДЕТАЉ ОД РАЗГОВОРОТ ПУТИН – ТРАМП „Владимир, Доналд“ пријателски тон во разговорот
Фото: Принтскрин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и американски претседател, Доналд Трамп, за време на нивниот денешен телефонски разговор се обраќале еден на друг со лични имиња – „Владимир“ и „Доналд“. Овој интересен детаљ го откри помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Разговорот, кој се одржа денеска траел повеќе од два часа, а дијалогот бил „суштински, искрен и многу корисен“.

По завршувањето на разговорот, Доналд Трамп изјави дека Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот и, што е уште поважно, за ставање крај на војната.

Од руска страна, Путин нагласи дека Москва е подготвена да соработува со Киев на изготвување меморандум за мировен договор, потенцирајќи дека постои реална можност за дипломатско решение на конфликтот.

Инаку, Национал денеска екслузивно пренесе за разговорот меѓу Трамп и Путин

CATEGORIES
TAGS
Share This