ИНФЛАЦИЈАТА ВО ДЕКЕМВРИ ИЗНЕСУВА 0,4% Годишниот раст на трошоците на живот достигна 4,1%

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ДЕКЕМВРИ ИЗНЕСУВА 0,4% Годишниот раст на трошоците на живот достигна 4,1%

Инфлацијата во декември 2025 година, мерена преку индексот на трошоците на животот, изнесува 0,4 проценти во споредба со претходниот месец. Со ова, годишната инфлација за целата 2025 година достигна 4,1 проценти, додека индексот на цените на мало бележи пораст од 3,6 проценти во однос на 2024 година.

Податоците покажуваат дека движењето на цените во текот на 2025 година било нерамномерно по одделни групи на потрошувачката, при што раст е регистриран кај сите категории.

Во споредба со декември 2024 година, индексот на трошоците на животот во декември 2025 година бележи пораст од 4,1 проценти, додека индексот на цените на мало е зголемен за 3,7 проценти.

Индексот на цените на мало во декември, во однос на ноември 2025 година, изнесува 101,9.

Од јануари 2026 година ќе стапи во сила методолошка промена во пресметката на индексите на трошоците на животот и Хармонизираниот индекс на трошоците на животот, поради усогласување со директно применливите регулативи на Европската Унија, кои ќе важат за сите земји членки.

CATEGORIES
Share This