ИНДУСТРИЈАТА ВО ПАД Енергијата и машините ја повлекоа економијата надолу во август

ИНДУСТРИЈАТА ВО ПАД Енергијата и машините ја повлекоа економијата надолу во август

Индустриското производство во Македонија во август 2025 година бележи пад од 3,5 % во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Секторската анализа открива големи разлики: рударството и вадењето на камен бележат раст од 7 %, додека снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се соочува со драматичен пад од 26,8 %. Преработувачката индустрија, која е двигател на домашното производство, е намалена за 1,4 %.

Најголем удар врз индустриското производство донеле намаленото производство на прехранбени производи (–6,1 %), машини и уреди (–19,3 %), метали, мебел и фармацевтски препарати.

Според главните индустриски групи, пад е забележан кај енергија (–23,7 %), капитални производи (–12 %), трајни производи за широка потрошувачка (–9,1 %) и нетрајни производи (–5,7 %). Единствен позитивен сигнал е растот кај интермедијарните производи (освен енергија), кој изнесува 14,8 %.

Иако август донесе негативни резултати, во периодот јануари – август 2025 година, индустриското производство сè уште е во пораст од 2,2 % во споредба со истиот период од 2024 година.

CATEGORIES
Share This