ИНЦИДЕНТ НА ЛЕТ КОН СКОПЈЕ Агресивни навивачи од Словачка спречени да влезат во државата

ИНЦИДЕНТ НА ЛЕТ КОН СКОПЈЕ Агресивни навивачи од Словачка спречени да влезат во државата

МВР информира дека вчера вечер едно лице од Словачка е приведено, а уште десетмина не се пуштени да влезат во земјата поради нарушување на редот и агресивно однесување во авионот со кој допатувале во Скопје. Инцидентот се случил околу 20:30 часот, кога службите на Меѓународниот аеродром Скопје и Регионалниот центар за гранични работи Север пријавиле дека група навивачи под дејство на алкохол одбивале да ги почитуваат правилата за време на летот и веднаш по неговото слетување.

Според информациите, патниците од групата се однесувале агресивно, го нарушувале редот и ги вознемирувале останатите патници и екипажот. По интервенцијата на полицијата, бил приведен 38-годишниот Л.Т. од Словачка, додека за другите десетмина, поради безбедносни причини, било донесено решение да не им се дозволи влез во државата.

Во иднина, по целосното документирање на настанот, против приведеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

CATEGORIES
Share This