ИМАТЕ ЗАМЕСТЕН ЦРН ДРОБ? Следете ги овие совети

ИМАТЕ ЗАМЕСТЕН ЦРН ДРОБ? Следете ги овие совети

Замастениот црн дроб претставува сериозна здравствена состојба која често се развива тивко, без изразени симптоми, но со потенцијално опасни последици ако не се открие и третира навреме. Иако неправилната исхрана долго време се сметаше за главен виновник, медицинските истражувања укажуваат дека причините се многу пошироки.

Лекарите предупредуваат дека нелекуваниот замастен црн дроб може постепено да го оштети органот, да предизвика воспаление и фиброза, а во крајна фаза и цироза. Најчесто, состојбата се открива случајно, при ултразвучен преглед на абдоменот.

Меѓу најзначајните ризик-фактори се издвојуваат дебелината, високото ниво на шеќер во крвта, зголемените триглицериди и нездравите прехранбени навики. Интересно е што и опструктивната апнеја при спиење се наметнува како фактор кој може да придонесе за развој на болеста, со зголемување на инсулинската резистенција, нарушување на липидниот баланс и предизвикување воспалителни процеси.

Иако болеста најчесто не дава рани симптоми, постојат знаци кои не треба да се игнорираат. Појава на темна урина или темна столица може да биде сигнал за проблеми со црниот дроб, а во такви случаи лекарска консултација е неопходна.

Стручњаците нагласуваат дека навременото откривање и соодветниот третман се клучни за зачувување на функцијата на црниот дроб и спречување на тешки компликации. Превенцијата, пак, започнува со здрави животни навики – балансирана исхрана, физичка активност и редовни медицински прегледи.

CATEGORIES
Share This