ИМА УШТЕ ИЗНЕНАДУВАЊА ПО УБИСТВОТО НА ЛАРИЏАНИ – Нетанјаху најавува нови удари врз Иран

Ликвидацијата на Лариџани претставена како дел од поширока стратегија против иранскиот режим

ИМА УШТЕ ИЗНЕНАДУВАЊА ПО УБИСТВОТО НА ЛАРИЏАНИ – Нетанјаху најавува нови удари врз Иран
Фото: Принтскрин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ликвидацијата на иранскиот функционер Али Лариџани е дел од поширока стратегија насочена кон слабеење на иранскиот режим и отворање простор за внатрешни промени.

Во видео обраќање објавено од неговиот кабинет, Нетанјаху нагласи дека процесот нема да биде брз ниту лесен, но изрази уверување дека со упорност ќе се создадат услови иранскиот народ сам да одлучува за својата иднина.

Тој истакна и дека Израел активно соработува со САД и нивните сојузници во регионот, особено во контекст на зголемените ирански напади. Нетанјаху откри дека имал подолг разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, при што координацијата меѓу двете земји опфаќа и воени и стратешки активности.

Според него, соработката вклучува координирани операции меѓу воздухопловните сили и морнариците, како и комбинација од директни и индиректни дејствија кои вршат силен притисок врз Техеран.

„Ќе помогнеме и преку индиректни напади, но и преку директни операции. Сè уште има многу изненадувања“, порача Нетанјаху.

CATEGORIES
TAGS
Share This