ИЛЈАДНИЦИ СЛОВЕНЦИ ИЗМАМЕНИ – Апликацијата Nuvonex ги зеде парите и избега

Начинот на дејствување покажува класична Понзиева шема со суров финален пресврт

ИЛЈАДНИЦИ СЛОВЕНЦИ ИЗМАМЕНИ – Апликацијата Nuvonex ги зеде парите и избега
Фото: Принтскрин

Она што финансиските експерти го предвидуваа, а инвеститорите се надеваа дека никогаш нема да се случи, стана реалност за помалку од 24 часа. Илјадници Словенци утрово се разбудија во финансиски кошмар: апликацијата Nuvonex, преку која вложувале пари со надеж за висок принос, исчезна од интернет.

Наместо очекуваното салдо, корисниците на домените nuvonex.org и nuvonex.top сега гледаат порака: „Грешка 522“. Серверот не реагира, а со него, изгледа, исчезнале и вложените средства.

Сè укажува на Пирамидална шема, но со суров финален пресврт. Лажната стапица одела најпрвин со безбедност (лажна) за тие што вложувааат на начин што во почетокот исплатите се одвивале редовно, што создало доверба и привлекло нови инвеститори. Знаци за крај с епојавиле кога започнале одложувањата, но, организаторите смислиле уште еден трик за последниот грабеж со тоа што пред затворањето, членови биле приморани да депонираат дополнителни 100 долари во криптовалутата USDT за да можат да повлечат средства. Многумина, во очај, ја депонирале сумата која завршила директно кај измамниците.

Иако измамата се случила во срцето на Европа, дигиталните траги водат кон Азија. Истражувањето на Siol.net открива: Веб-страниците претходно содржеле код и објави на кинески јазик. Администраторот на Фејсбук страницата се наоѓа во Камбоџа – земја позната како рај за онлајн крипто измамници.

Иронијата е во тоа што многу жртви на Nuvonex претходно веќе изгубиле пари во слични пирамидални шеми. Желбата за брза заработка и обидот да ги надоместат претходните загуби ги влечела повторно во иста стапица.

CATEGORIES
TAGS
Share This