ИДНИНАТА НА АЛОНСО ПО ПОРАЗОТ ОД СИТИ – Играчите во негова одбрана

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го бранеше својот тим по поразот од 2-1 од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, истакнувајќи дека нема простор за критики кон играчите и покрај неповолниот резултат.

ИДНИНАТА НА АЛОНСО ПО ПОРАЗОТ ОД СИТИ – Играчите во негова одбрана
Фото: Принтскрин

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го бранеше својот тим по поразот од 2-1 од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, истакнувајќи дека нема простор за критики кон играчите и покрај неповолниот резултат. Алонсо ги анализираше клучните моменти од мечот, говореше за реакцијата на навивачите, за спорните судиски одлуки и за неговата иднина.

„Немаме за што да се жалиме. Се боревме до крај, започнавме добро и поведовме… но секој удар ни правеше проблем. За десет минути по корнер и пенал Сити направи пресврт. Натпреварот беше борбен, но ние попуштивме“, рече Алонсо, додавајќи дека тимот не ги контролирал добро клучните ситуации иако имал шанси да се врати.

Тој призна дека брзиот пресврт негативно влијаел врз самодовербата на играчите, особено поради големиот број повреди во екипата.

„Кога сте во деликатен момент, се чувствувате помалку стабилно. Во вакви натпревари мора да примите многу малку голови, а ние примивме доволно за да направат пресврт“, објасни тренерот.

Во однос на реакциите од трибините, Алонсо покажа разбирање.

„Имаше и аплаузи и свирежи. Нормално е, знаеме дека резултатите во последниот период не се добри. Но не би ги критикувал навивачите – тие виделе многу, знаат многу. И не би ги критикувал играчите денес“, истакна тој.

Алонсо се осврна и на спорните судиски одлуки, посочувајќи дека ситуацијата при првиот гол, кога Куртоа беше делумно попречен, ја толкува различно од судијата, но не сакал да продлабочува.

Како една од најпозитивните точки на натпреварот го издвојува Родриго.

„Многу сум среќен за него. Поминуваше низ тежок период, но денес беше фантастичен и го постигна важниот гол. Тоа е една од најдобрите вести за нас“, рече Алонсо.

За својата иднина кратко одговори:

„Загрижен сум само за следниот натпревар. Важно е Реал Мадрид тимот, играчите и како можам да им помогнам. Не се работи за мене.“

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ја изрази својата целосна доверба кон тренерот Чаби Алонсо по поразот од 1:2 против Манчестер Сити во 6. коло од Лигата на шампионите.

Првиот гол беше моја грешка. Овој натпревар не беше тест за тренерот Алонсо. Го поддржуваме 100 проценти и тоа беше јасно на теренот“, изјави Куртоа за „Фудбал Еспања“.

Алонсо ја презеде клупата на Реал Мадрид летото и досега со тимот оствари 19 победи, 4 нерешени и 5 порази во 28 натпревари.

Во Лигата на шампионите, Реал има 12 бода и се наоѓа на 7. место, додека во Ла Лига е на второто место, четири бода зад лидерот Барселона.

Инаку, сега најновиот ултиматумот за 44-годишниот тренер Чаби Алонсо е победа во првенството против Алавес. Доколку тимот не успее, иднината на Алонсо во Реал Мадрид е сериозно загрозена и речиси сигурно би станал поранешен тренер.

Сепак, од финансиска гледна точка, Алонсо нема причина за грижа. Тој е под договор со „Кралевите“ до летото 2028 година и има висока плата, која ќе мора да му се исплати во целост доколку биде отпуштен. Според шпанските медиуми, Реал Мадрид би можел да му исплати повеќе од 30 милиони евра на Алонсо и неговиот тим, со оглед на тоа што неговата нето плата изнесува околу девет милиони евра по сезона.

Иако Алонсо би имал финансиска корист од евентуален отказ, малку е веројатно дека би го прифатил тоа без оглед на парите. Тој сонише за тренерската позиција во Реал, одбивајќи понуди од Ливерпул и Баерн, но суровоста на тренерскиот живот може да донесе изненадувачки пресврти, можеби дури и за време на викендот.

CATEGORIES
Share This