ИЧ НЕ МУ ЧУЕ НА ТРАМП „Светските лидери ми се јавуваат и ми го бакнуваат газот за да им ги намалам царините“

Овие земји ми се јавуваат, ми го бакнуваат газот. Умираат да склучат договор - вели Трамп

ИЧ НЕ МУ ЧУЕ НА ТРАМП „Светските лидери ми се јавуваат и ми го бакнуваат газот за да им ги намалам царините“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот вечерта се пофали дека светските лидери се во паника поради неговите огромни глобални царини.

„Овие земји ми се јавуваат, ми го бакнуваат газот. Умираат да склучат договор – рече Трамп за време на неговото обраќање пред Републиканскиот национален комитет. Тие умираат од желба да се договорат – додаде тој.

Трамп ги исмеваше светските лидери кои го молеа за договор.

„Ве молам, ве молам, господине да се договориме. Ќе направиме сѐ – наводно Трамп го имитирал однесувањето лидерите на тие земји.

Трамп, исто така, се пофали дека ги имал „најуспешните 100 дена во историјата на оваа земја“, очигледно заборавајќи ги громогласните падови на глобалните берзи откако ги објави своите царини, жестоките состаноци на градскиот совет на републиканците и масовниот национален протест против неговата администрација само неколку дена претходно, пишува Индепендент.

Останува дилемата кој губи а кој добива во актуелната царинската војна  меѓу Трамп и остатокот на светот. Трамп вели дека  САД во минатото биле ограбени заради странските царини и дека со зголемување на царините става крај на тоа потенцирајќи дека САД добиваат сега милијарди долари повеќе дневно од царини. Според неговите противници зголемените царини се во стилот на народната „Со свој камен по своја глава“ и од царините што сами ги воведе Трамп за една недела САД загубиле најмалку половина млилијарди долари. Како и да е, Трамп самоуверено изјавува дека „ич не му чуе“, што сака нека вели и колку сака нека се бунтува остатокот на светот

CATEGORIES
Share This