ИЈЗ УТВРДИ ПРИСУСТВО НА ТЕШКИ МЕТАЛИ САМО НА МЕСТОТО КАДЕ ГОРЕЛЕ БАТЕРИИТЕ – Нема радиоактивност и загадување на вода

Во почвата зголемени вредности на бакар и цинк биле констатирани единствено на местото каде што гореле литиумски батерии, додека на сите останати локации резултатите не покажале отстапување од референтните вредности за 16 испитани тешки метали.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека во земените примероци од засегнатото подрачје не е детектирано присуство на радиоактивност во воздух, почва и вода, ниту тешки метали во водата.

Во почвата зголемени вредности на бакар и цинк биле констатирани единствено на местото каде што гореле литиумски батерии, додека на сите останати локации резултатите не покажале отстапување од референтните вредности за 16 испитани тешки метали.

ИЈЗ информира дека анализите се завршени во најкус можен рок и ќе бидат повторени согласно протоколите, а институцијата останува во координација со Министерството за здравство и другите надлежни органи.

CATEGORIES
Share This