ХУЛИО ИГЛЕСИЈАС – Шпанското судство ја затвори истрагата за сексуален напад
Обвинителството пресуди дека настаните се случиле надвор од Шпанија, на Бахамите и во Доминиканската Република.

Шпанското судство денес го отфрли случајот против познатиот пејач Хулио Иглесијас, во кој беше обвинет за сексуален напад, пренесуваат странските медиуми. Обвинителството оцени дека шпанските судови немаат надлежност да ја истражуваат наводната злоупотреба, бидејќи настаните наводно се случиле на Бахамите и во Доминиканската Република, жртвите не се шпански државјани, ниту живеат во Шпанија, а ниту Иглесијас е резидент на земјата.
Според законот, шпанските судови би можеле да интервенираат само ако земјата каде што се случиле наводните инциденти не е во можност или не е подготвена да спроведе истрага, што не беше случај во овој случај.
Адвокатот на Иглесијас претходно побара од шпанското обвинителство да ја затвори прелиминарната постапка, која започна во јануари 2021 година, откако две поранешни вработени поднесоа тужба преку невладина организација.
Жените, кои работеле како домаќинки и физиотерапевти за пејачот, тврдеа дека претрпеле навреди, понижување, континуирано вознемирување и сексуални напади. Иглесијас ги негираше овие обвинувања.
РАБОТНИЧКИ ТВРДАТ Иглесијас не присилуваше на секс, бевме како робинки на неговиот имот

