ХРВАТСКА ЈА СЛЕДИ СЛОВЕНИЈА Милановиќ повика да се запре трговијата со оружје со Израел

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја повика Владата на Хрватска да ја прекине трговијата со оружје и воена опрема со Израел, соопшти неговата канцеларија. Од таму додаваат дека Милановиќ уште во мај издал наредба за прекин на воената соработка со оваа земја.
„Со оглед дека набавката и продажбата на оружје и воена опрема се во надлежност на хрватската влада, претседателот на Републиката бара владата да покаже доследност и одговорност, и веднаш да ја запре трговијата со оружје и воена опрема со актуелната израелска влада“, изјави портпаролот на Милановиќ, Никола Јелиќ.
Ваквата одлука доаѓа по потегот на Словенија, која оваа недела стана првата европска земја што воведе забрана за извоз, увоз и транзит на оружје и воена опрема од и кон Израел.


