ХЕРОЈ ИЛИ ОСУДЕНИК? Саркози во затвор, поддржувачите пеат химна пред неговиот дом

Саркози им мафна на своите симпатизери, кои аплаудираа и скандираа „Никола, Никола“, носејќи транспаренти со пораки на поддршка. На собирот присуствуваа и неговите деца и внуци.

ХЕРОЈ ИЛИ ОСУДЕНИК? Саркози во затвор, поддржувачите пеат химна пред неговиот дом

Толпа поддржувачи се собра пред домот на Никола Саркози во Париз пред неговото упатување во затворот Ла Санте, каде што поранешниот француски претседател (70) започна со издржување казна за учество во криминална организација поврзана со наводното финансирање на неговата кампања од либискиот лидер Моамер Гадафи.

Саркози им мафна на своите симпатизери, кои аплаудираа и скандираа „Никола, Никола“, носејќи транспаренти со пораки на поддршка. На собирот присуствуваа и неговите деца и внуци.

Во изјава објавена на платформата X, Саркози повторно тврди дека е невин и дека е жртва на „судски скандал“, нагласувајќи дека осудата се темели на „фалсификуван документ“. Иако поднесе жалба, судот наложи итно извршување на казната.

Според француското законодавство, затворениците постари од 70 години можат да поднесат барање за условен отпуст веднаш по започнувањето на казната. Саркози е сместен во стандардна ќелија од 9 до 12 квадратни метри со основни услови – туш, фрижидер и телевизор.

Пред упатувањето во затвор, Саркози бил примен од претседателот Емануел Макрон, а министерот за правда најави дека ќе го посети. Поранешниот претседател, според француските медиуми, планира да напише книга за своето време во затвор.

CATEGORIES
Share This