ХАМАС Е ПОДГОТВЕН ДА ГИ ОСЛОБОДИ СИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ Израел да ги исполни овие три услови

ХАМАС Е ПОДГОТВЕН ДА ГИ ОСЛОБОДИ СИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ Израел да ги исполни овие три услови

Висок лидер на Хамас изјави дека движењето е подготвено да ги ослободи сите израелски заложници ако Израел се согласи на прекин на огнот, повлекување од Појасот Газа и дозвола за хуманитарна помош.

Изјавата доаѓа по средбите во Каиро со посредници од Египет, Катар и САД. Тахер ал Нуну, еден од водачите на Хамас, ја обвини израелската страна дека го попречува договорот и инсистираше на меѓународни гаранции за негово спроведување.

Според израелскиот медиум Ynet, на Хамас му е понуден нов предлог за ослободување на десет живи заложници во замена за гаранции од САД дека ќе започнат преговори за втора фаза од прекин на огнот.

Во Израел, Форумот за фамилии на заложници се спротивстави на постепениот пристап, барајќи враќање на сите заложници одеднаш.

CATEGORIES
Share This